Кока Кола место масло во возило – Колку ќе издржи моторот? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Поради поголем број на кликови, група на лица кои поставуваат видеа на Youtube направија „експеримент“ чиј крај е лесно да се предвиди. Место масло во моторот сипаа Кока Кола и проверија колку долго ќе работи на такво средство за „подмачкување“.

Техничката примена на Кока Кола е добро позната. Популарниот пијалок во својот состав содржи фосфорна киселина што го прави совршен како средство за полесно остранување на рѓата и средство за отстранување на тешки нечитотии.

Сепак, да се користи Кока Кола место моторно масло? Тоа веќе нема добро да заврши!

Намерно уништија Opel

Секако и момците кои поставуваат видеа на Youtube многу добро знаат дека замената на моторното масло со Кока Кола нема да заврши добро, но очигледно дека прегледите на Youtube им се поважни од тоа.

За жал за својот експеримент одбраа автомобил кој многу вљубеници во возилата со задоволство би сакале да го видат во своите гаражи. Opel Manta од преминот на 80-тите, со не многу динамичен 1,9 мотор под хаубата. Opel некогаш беше познат по натпросечно издржливата механика. Не останаа многу такви автомобили. Што им недостигаше за овој експеримент да одберат некоја стара Lada?

Кока Кола место масло

Од моторот го испуштија маслото и на неговото место сипаа 4 литри Кока Кола, а потоа со мерач на времето во рака почнаа да го „стартуваат“ автомобилот Opel Manta. Моторот стартувал нормално, а ниту сијаличката за низок притисок на маслото не се вклучи веднаш, што не е ни чудо бидејќи станува збор за стар веќе истрошен мотор кој нема претерани барања во погледот на квалитетите на маслото.Покрај оа, не е така едноставно да се испразни сето масло од моторот.

Меѓутоа, после три минути се појавија првите проблеми. Моторот застана со работа, а беше невозможно да се стартува одново. Сепак, не требаше долго да се чека до крајот на овој експеримент. После шест минути од тестот облаци на чад со „карамелизиран мирис“ почнаа да излегуваат од под хаубата и моторот запре.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK