Појавата на коронавирусот во Кина донесе многу проблеми за втомобилските производители, особено оние што имаат свои капацитети во Кина. Од друга страна многу производители имаат свои кооперанти во таа земја и привременото затворање на фабриките значи и прекинување на ланецот на снабдување и можност и тие фабрики што се надвор од Кина привремено да запрат со работа.
Volkswagen, Toyota, Daimler, General Motors, Renault, Honda и Hyundai се меѓу глобалните производители кои инвестирале многу во Кина, формирајќи партнерства со локалните компании и изградиле огромни фабрики. Кина произведува најмногу автомобили ширум светот, лани имале 24,8 милиони произведени возила, а таа е втора по големина економија во светот. Кога фабриките за автомобили во земјата се затворија минатиот месец за новогодишните празници, индустријата веќе беше под огромен притисок.
Сепак, многу од нив не се отворија поради појава на корнавирусот. Автомобилската индустрија е јтешко погодена од коронавирусот бидејќи се појави во Вухан, градот кој е „моторот“ на оваа индустрија во Кина. Вухан и остатокот од покраината Хубеи учествуваат со 9% од вкупното производство на автомобили во земјата, според S&P Global Ratings. Аналитичарите велат дека вирусот ќе ги принуди производителите на автомобили да го намалат производството за околу 15% во првиот квартал.
Фабрика на PSA ќе остане затворена барем до 14 февруари. Daimler и Volkswagen соопштија дека очекуваат да продолжат со дел од производството во понеделник, иако обете компании додадоа дека продолжуваат да ја следат ситуацијата и доколку бидат неопходни ќе ги прилагодат своите планови за отворање. Toyota нема да продолжи до 17 февруари.
Најголемиот светски производител на автомобили Volkswagen има 24 фабрики за автомобили или делови за автомобили во Кина, што претставува 40% од работењеto.
Тојота, кој произведува 15% од своите возила во Кина, исто така е загрижен за ситуацијата. Вториот по големина производител на автомобили во светот се надеваше дека ќе го продолжи производството на 10 февруари, но беше принуден да ги задржи своите 12 погони во Кина најмалку една недела.
Колку подолго продолжува кризата, толку е поголема шансата глобалните ланци за снабдување со автомобили да бидат погодени.
Германската инженерска фирма Bosch која е најголем светски производител на автомобилски компоненти во светот, има десетици фабрики во Кина, меѓу кои и две во Вухан. Добавувачите на други делови, вклучително и Шафлер, ЗФ Фридрихшафен, Фауресија и Валео, имаат значајни операции во земјата.
Кина е исто така глобална производствена база за електрични мотори, преноси и други компоненти на електрични автомобили. Tesla (TSLA), која снабдува делови на повеќе компании во Кина, веќе рече дека производството ќе биде привремено стопирано во својата нова фабрика во Шангај.