Кој е ризикот при неправилен притисок на гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето со нормално напумпани гуми значи пред се безбедно возење. Но, многумина немаат навика да ги проверуваат гумите и нивото па најчесто се жалат на брзо трошење на гумите и поневообичаено управување на возилото.

Нивото на притисок во гумите на автомобилите не е прашања на чувство. Ако притисокот на воздухот во гумите на автомобилот не е правиле, тогаш станува скапо и опасно – особено доколку притискот во гумите е премногу низок. Тоа не само што ја зголемува потрошувачката на гориво, туку исто така и потрошувачката на гумите и го влошува однесувањето на автомобилот при возење до зголемен ризик од несреќи.

Во идеалниот случај гумите се тркалаат по патот со целата шара.
„Тогаш шарата претствува најголем можен елемент за поврзува меѓу возилото и патот. Со оптимален притисок во гумите има најголема контактна површина и на тој начин го има најкраткото растојание за запирање, најдоброто однесување во свиоците и највисокиот резултат на удобност при возење. Во исто време профилот на гумата се движи најрамномерно и гумата успева да постигне најдобра километража“, објаснуваат од институтот Goslar, кој припаѓа на осигурителната HUK-Coburg.

Доколку притисокот на воздухот е премногу висок, контактот со површината на гумата се намалува, а таа допира до површината на патот само со центарот на шарата и има повеќе трошење. Помалата леплива површина исто така води до подолг пат за запирање, лоша стабилност во свиоците и загуба на удобноста.

Доколку притисокот на воздухот е премногу низок, шарата на гумата во средината го губи контактот со патот, поради што гумата се движи само на неговите „раменици“ каде што профилираната шара се спојува со мазните страници. Помалата леплива површина се забележува особено при подолги растојанија за запирање и лоши свиоци и во најлош случај може да предизвика излегување на гумата од бандажот.

Информацијата за соодветниот притисок во гумите за соодветното превозно средство може да се најде како во неговиот прирачни така и на самиот автомобил. Производителот треба да ги посочи вредностите за притисокот на пумпање на летните и зимските гуми. Спецификациите обично се разликуваат малку за предните и задните гуми.

Како дополнување кон инструкциите за користењето, информацијата за притисок во гумите често е прикачена кон Б-столбот на вратата и може да се прочита таму кога вратата на возачот е отворена. Исто така има и соодветен стикер во делот за нараквици или од внатрешната страна на капакот за резервоарот за гориво. Како дополнување, соодветните таблици од производителите на интернет даваат информција за правилниот притисок во гумите во секој одделен случај.

Едноставно, одвреме навреме проверете го притисокот во вашите гуми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK