Статистичката агенција Focus2Move, која месечно собира податоци за продажбата на нови автомобили и лесни камиони од 162 земји во светот, ги објави резултатите за изминатата 2022 година.
Податоците на агенцијата покажуваат дека и покрај падот на годишната продажба од 2,2%, Toyota Corolla е најпродаваниот нов автомобил во светот со резултат од 1,12 милиони примероци.
На второ место е уште еден модел на Toyota, RAV4, со 869.955 примероци, пад од 13,8%, а на трето е најпродаваниот автомобил во Северна Америка, Ford F-Series, со 786.757 примероци (- 8,8%).
На четврто место, со раст на продажбата од 88,3% до 758.605 примероци, е Tesla Model Y, а петти е Toyota Camry со 675.272 продажби (-3,0%).
Во ТОП 10-те најпродавани нови автомобили во светот во 2022 година се вклучени и Honda CR-V со 600.679 единици (-18,1%), Tesla Model 3 со 595.747 (+4,3%), Chevrolet Silverado со 591.758 продажби (+1,8%), Toyota Hillux со 564.208 (+2,5%) и Hyundai Tucson со 563.972 (+1,0%).