Кој бил првиот автомобил кој ја добил наградата “Автомобил на годината”?

ОБЈАВЕНО НА:

Европски автомобил на годината (European Car of the Year) или скратено ECOTY, е најпрестижната награда во автомобилската индустрија. Наградата ја доделуваат престижи авто магзини од Италија, Шпанија, Холандија, Велика Британија, Шведска, Франција и Германија. И при доделување на наградата гласаат новинари, а не публика.

За прв пат таа е доделена во далечната 1964 година, а честа да ја добие првата награда припаднала на автмобилот Rover 2000.

Овој автомобил освоил 76 поени, 12 повеќе од моделот Mercedes 600 кој завршил на втората позиција. На третата позиција се најде малку познатиот Hillman Imp автомобил произведуван од страна на Rootes Group. До следната нагрда, сега нефункционалниот бренд Rover чекал 13 години. Во 1977 година оваа награда ја доби моделот 3500 кој беше избран пред Audi 100 и Ford Fiesta.

Инаку втор добитник на престижната награда е Austin 1800, а во 1966 година оваа награда ја доби и Renault 16. До крајот на 70-те со награда се здобија и Fiat 124, NSU Ro 80 и Peugeot 504.

Актуелен победник за 2021 година е Toyota Yaris.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK