Кој би рекол? Dacia веќе продаде 200.000 илјади возила во В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Стереотипите за Dacia како авто бренд брзо исчезнуваат, а доказ за тоа е се поголемата продажба која ја бележи на бројни европски пазари. По неколку месечната одлична продажба во Франција каде автомобилите на овој бренд се во најпродаваните 10, одлични вести доаѓаат од Велика Британија.

Како што соопшти тамошното претставнишство на романскиот бренд, Dacia успеа да го испорача 200 илјадитиот нов автомобил на Островот.

Се работи за моделот Sandero Stepway Prestige TCe 100 Bi-Fuel во металик сина боја кој на сопственикот Кристофер Симпсон беше испорачан во продажниот салон на Dacia во Милтон Кејнс.

Романскиот производител на пазарот во Велика Британија влезе во 2013 како нискобуџетен бренд, а по четири години оствари продажба од 100 илјади автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK