Британската консултантска компанија Brand Finance го објави годишното рангирање на 500-те најскапи трговски брендови во светот. На рејтингот на Global 500, се наоѓаат и автомобилските брендови, а меѓу најдобрите без изненадување доминираат Германците.
Водечката тројка на најскапите останува без измени во однос на минатата година. На првото месо со 187,8 милијарди долари (164,8 милијарди евра) се наоѓа Amazon, а потоа следуваат Apple со 134,9 милијарди евра и Google со 125,2 милијарди евра.
На највисокот место меѓу автомобилските брендови се наоѓа Mercedes-Benz. Оваа компанија се наоѓа на 13. позиција со 53 милијарди евра. Иако Toyota поскапе за десет милијарди долари во однос на лани,, сепак, има пад од две места и сега е на 17. позиција.
Бронзата за 2019 година ја зазема Volkswagen со оценка од 36 милијарди евра откако успеа да го турне BMW на 4. место (35,5 милијарди евра). Porsche, пак, има оценка од 34,5 милијарди евра, а од 8. место успеа да се искачи на петтото.
Меѓу десетте автомобилски брендови се наоѓаат исто така и Mitsubishi, Nissan, Honda и Hyundai.Последната компанија во најдобрата десетка за 2019 година е Audi, откако го помина Nissan со 17,2 милијрди евра.