Кои се најкрадените автомобили во Германија за 2020 година?

ОБЈАВЕНО НА:

Крадците на автомобили имаат истенчен вкус, па се повеќе сакаат премиум автомобили и СУВ возила. Според последните резултати во Германија во 2020 година во Топ-10 најкрадени возила, дури осум се СУВ модели. Крадците имале за цел да украдат поскапи возила со вкупна штета проценета на околу 214 милиони евра (248 милиони долари). Ова е првпат просечните трошоци за штети по кражба да ја надминат границата од 20 илјади евра.

Резултатите објавени од Германското здружение за осигурување (GDV), потврди дека на првото место е Range Rover Velar како најчесто крадено возило во Германија, со стапка од 15,5 украдени автомобили меѓу 1.000 осигурени примероци и просечен трошок за штети од 52.158 евра.

Покрај елегантниот Velar, крадците исто така го сакаа и BMW X6 (9,0/1.000) со просек од 45.408 евра, и Kia Stinger (6,7/1.000) со 31.738 евра. На четвртото место, Range Rover (5,9/1.000) е најскапот модел со просечни 60.067 евра.

Lexus NX (4,4/1.000) и Toyota Land Cruiser (4.3/1.000) следеа на петтото и шестото место со просечни 28.718 евра и 38.794 евра. Најевтино возило на топ 10 листата е Toyota Prius (3,9/1.000) на седмото место со просечно побарување од 19.770 евра.

Првиот спортски автомобил е Porsche 911 (3,5/1.000) на осмото место со просек од 52.794 евра, а потоа следи Ford Edge (3,4/1.000). На делба на десеттото место се BMW X5 (3,4/1.000) кои добиваат 43.263 евра и Hyundai Santa Fe (3,4/1.000) со помал просек од 35.663 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK