Kои бои најлесно го продаваат стариот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

На прашањето за избор на боја на автомобилот треба да се пристапи многу одговорно доколку сакате после извесно време да го продадете вашиот автомобил за добра сума. При изборот на автомобил бојата игра важна улога. Идните сопственици на автомобили често се потпираат на сопствените преференции по ова прашање. Сепак, не треба да се брза при правењето на избор и да се носат импулсивни решенија. Практично, подоцна една нестандадна нијанса на каросеријата на автомобилот може да направи голема шега со вас.

Пред да запрете на оригинална, но непопуларна боја, помислете дали после тоа можете да го продадете користениот автомобил и да не загубите дел од парите поради егзотичната боја. За да дознаете која боја е попопуларна, не треба да го проучувате сообраќајот на патиштата туку да ги погледнете резултатите од студијата спроведена од страна на експерите на iSeeCars.

Според извештајот меѓу 2017 и 2020 година биле проучени шест милиони автомобили продадени на секундарниот пазар. Резултатот е неочекува, а се покажа дека жолтите автомобили се тие кои најмалку губат од цената.
Доколку моделите во основните нијанси во првите три години на користењето губат 37,6% од почетните трошоци, жолтите само 20,4%. На второто место во класификацијта е беж нијансата со резултат од 22,8%, додека на третото е портокаловата (27,1% загуба на вредноста).

Популарната црвена боја исто така ја одржува цената прилично добра. Таа е рангирана на 6. место на рангирањето со стапка од 36,9%. Црната, белата и сивата исто така се близу до овие показатели и се соседи на црвената во резултатите. Соодветно на таквите машини се многу бараните на секундарниот пазар. Најамортизираните автомобили се оние, кои се офарбани во златно (45,6%), кафено (42,1%) и виолетово (41,2%).

Треба да се напомене дека податоците од истражувањето се дадени без повикување на сегменти. Доколку се разбие според видовите на автомобили, поделбата ќе биде сосема различна. На пример во сегментот на пикапите белата и беж бојата се сметат за најдобри за препродажба, додека кај миниваните, сината, а за кабриолетите е црвената.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK