Податоците од историјата велат дека автомобилот е измислен во Европа и се појавува на улиците на Стариот континент, каде почнуваат многу промени поврзани со инфраструктурата, па почнува формирањето на светот каков што е денес.
Земјата каде е роден автомобилот е Германија, но сигнал за тоа дека возилата треба да се нумерираат се дава од Франција. Тоа се случува на крајот од 1890 година, кога бројот на автомобили на патиштата е драстично зголемен. На органите за спроведување на законот им бил потребен начин да ги следат автомобилите и во случај на дефект или друга штета поврзана со нив да можат да ги санкционираат.
Франција станува активна на оваа тема и со указ на полицијата во Париз од 1893 година воведува задолжителна нумерација на автомобилите. Првично тоа беше направено во одделот за Сена, а во 1901 година одлуката се воведуа задолжително во целата земја.
Регистрациските табли биле направени рачно и единствениот услов бил да се прикачени на возилото на видливо место. Три години после Франција и Германија го следи примерот на Германија и воведува регистрациски бројки на автомобилите. Постепено ова го воведуваат и други земји низ Европа, а отоа се пренесуваат и во САД.
Првата земја која воведува национална идентификација на регистрациските таблички е Холандија.