Кога менувањето летни со зимски гуми трае 15 минути, а кога 5 часа и 15 минути?

ОБЈАВЕНО НА:

Ноември е месец кога најголем дел од возачите ги менуваат гумите на возилата и од летни преминуваат на зимски гуми. Од 15 ноември законска обврска е да се поседува зимска опрема во возилото, а најдобро е да поседувате зимски гуми.

Менувањето на летни со зимски гуми треба да се изврши задолжително ако температурата падне под 7 степени целзиусови, но, тоа може да се направи и порано, бидејќи иако температурата на воздухот е 10 или 15 степени, асфалтот е доста постуден.

Рзмислувањето дека зимските гуми побрзо се трошат ако е топло времето, не с еточни.

„Гумите не се трошат така брзо. Зимската гума се троши кога асфалтот е со многу висока температура, а не воздухот. Ако температурата на воздухот е 10 или 15 степени како сега, а асфалтот е ладен, тоа е исто така добро време за менување на гумите и преминување на зимски, вели Александар Трајковски од Пнеуматик, еден од македонските увозници и продавачи на гуми во Македонија.

„Најдобро е замената да се изврши навреме за да се избегнат мешаниците. Кога нема гужва менување на четири гуми е 15 минути. Кога има гужва менувањето е 5 час и 15 минути. Од тоа 5 часа е чекање и 15 менување гуми, вели Трајковски.

Во Македонија се повеќе се трошат зимски гуми. Законот си го прави своето, но секако и свеста кај возачите е на повисоко ниво. Реалната потреба за зимска гума го прави своето, секој слушал за некој проблем, или самиот бил во ситуација во која ја видел предноста и потребата за зимски гуми.

„Пред 10-15 години првпат почнаа да се појавуваат и користат зимските гуми. Првите беа странски амбасади и странски претставништва. Нив најважна им беше сигурноста на вработените. Сега таа пракса се повеќе се користи од сите, вели Александар Трајковски.

Според последните податоци во првите осум месеци во Македонија во 2021 година се продадени 120.000 летни и 130.000 зимски гуми. Тоа се податоци од европското здружение на производители на автомобилски гуми. Во ова здружение членуваат сите европски производители, плус производителите од Кореја, Јапонија и Виетнам. Само без кинески и руски производители.

„Максимумот во продажбата на гуми беше постигнат пред 3 години. Споредено со 2019 година, сега во Македонија има пораст од 6 отсто, а во однос на лани зголемувањето е дури 19 отсто, вели Трајковски.

Целиот разговор со Александар Трајковски можете да го прочитате тука.

ИНТЕРВЈУ Александар Трајковски: Македонските возачи се совесни – за сопствена безбедност возат со зимски гуми

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK