Во текот на летото по принцип цените на автомобилите на секундарниот пазар одат надолу, а потоа почнуваат да се зголемуваат како што надоаѓа есента. Сепак, тоа не е случај и годинва бидејќи цените на користените автомобили во август во Германија нагло се зголемија и немаше пад кај нив од почетокот на годината.
Во август користените автомобили чинеа во просек 23.196 евра, а тоа е повеќе од кога било досега откако се води статистика за ова прашање од AutoScout24 – Индекс на цените за користени автомобили (AGPI).
Со просечна цена од 23.196 евра тие се зголемени за речиси 250 евра во однос на претходниот месец јули. Разликата во споредба со бројките од претходната година е уште поголема. Во август 2020 цената на користените превозни средства е средно 19.920 евра, а тоа е разлика од над 3.000 евра во рамки на една година. Цените значително се зголемуваат во сите возрасти и сегменти, а единствените исклучоци се луксузните автомобили, комбиња и теренци.
„Падот во производството на нови автомобили е основен двигател на сегашниот пораст на цените на користени автомобили. Покрај тоа во моментов моделите со мотои со внатрешнос согорување се електрифицираат. Последните понекогаш можат да бидат произведени со задоцнување на порачката, а понудата станува посиромашна. И побарувачката на автомобили од секундарниот пазар е уште висока. Во моментов не изгледа така, но може да се очекува пад на цените во блиска иднина“, вели Штефан Шнек, кој е раководител за продажби во Германија.
Цените во сегментот на мали автомобили имаат пораснато за нешто под два проценти, па сега просекот е 12.378 евра. Средните и спортските автомобили исто така пораснале за околу 1,5 проценти. Равојот на ворасните сегменти е уште појасен при користењето на превозни средства на возраст од најмалку три години сезголемува со повеќе од два проценти, а користените превозни средства на возраст од 10 до 20 години имаат најостро големување од три проценти на просечно 6.964 евра.
Скокот на цените е најсилно иразен за превозните средства со LPG погон. И покрај тоа тие сè уште ги нудат просечно најевтините цени на користените автомобили. Дури најскапите електрични и хибридни превозни средства одново отчитуваат зголемување на цените, со оглед на тоа што се покачуваат во просек до 35.573 евра (електрични) и 36.221 евра (хибридни).