Кинезите напаѓаат силно: SAIC ќе гради фабрика во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот кинески производител на автомобили SAIC Motor планира да ја изгради првата фабрика во Европа која ќе произведува електрични возила, пишуваат британските медиуми. Портпаролот на SAIC изјави за Би-Би-Си во четвртокот дека тие сè уште не избрале локација или дефинирале други детали за проектот.

Покрај производствените капацитети во нејзината матична земја Кина, SAIC произведува автомобили и во Тајланд, Индонезија, Индија и Пакистан.

„Имаме многу брендови, вклучително MG, IM и Maxus, а сè уште не сме одлучиле кои ќе се произведуваат во (новата) фабрика“, додаде портпаролот.

Продажбата на возила SAIC во странство е зголемена во првите три месеци од годинава за 40 отсто, објави компанијата.

Поголемиот дел од странските продажби се направени од марката MG, а повеќе од двојно повеќе автомобили се продадени во Европа, велат тие.

Европа е најголемиот странски пазар на SAIC, со повеќе од 100.000 продадени возила, според податоците на компанијата.

Извозот беше зголемен во првиот квартал поради побарувачката за електрични возила и продажбата на рускиот пазар, откако многу западни земји воведоа санкции кон Москва поради нејзината инвазија на Украина.

Во првите три месеци од оваа година, според официјалните податоци, Кина извезла повеќе од еден милион возила, со што ја замени Јапонија како најголем извозник на автомобили во светот.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK