Кинезите го направија најбрзиот воз во светот, се движи со 600 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот воз кој се движи со висока брзина со магнетна левитација беше претставен во Кина. Неговата проектна максимална брзина е 600 километри на час, а тоа го прави најбрзиот копнен транспорт што постои во моментов.

Возот почна да се развива во Кина од нула уште во 2016 година, а од минатото лето прототипот беше на тест во Шангај. Првпат возот беше покажан на јавноста на 20 јули во Кингдао во источниот дел од земјата.

Возот маглев (од магнетна левитација) буквално „левитира“, без да ги допира шините за време на движењето и се управува од моќни магнети. Технологијата дозволува не само да бидат достигнати големи брзини, туку и да се намалува радиусот на закривеност во однос на конвенционалните возови. Покрај тоа, овие типови на возови не произведуваат шум бидејќи не ги допираат шините.

При брзина од 600 км/ч, патувањето од Пекинг до Шангај долго 1.000 километри ќе одземе два и пол часа. За споредба истото патување со авион одзема 3 часа, а со конвенционален брз воз 5,5 часа.

Кина првпат пушти Маглев во користење во 2004 одина. Тогаш „магнетниот“ воз Transrapid развиен од Германија беше пуштен на 30 километарскиот погег меѓу центарот на Шангај и аеродромот во Пудонг. Тој сè уште се користи и денес и достигнува брзина од 431 километар на час, а рекордот му е 501 км/ч.

Рекордот за брзина меѓу сите возови досега го имаат Јапонците. Датира уште од 2015 година од возот Shinkаnsеn L0 маглев кој успеа да забрза до 603 км на час. Планирано е воот да биде пуштен во користење пред 2027 година, а работната брзина нема да надминува над 500 км/ч, што е 100 километри помалку од новиот кинески маглев воз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK