Кинески модел ќе го напаѓа Golf

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот производител Lynk & Co кој е дел од Geely Групацијата во која спаѓа и шведски Volvo има големи амбиции кога е во прашање сегментот на компактни автомобили.

Овој производител во моментот го тестира хечбек моделот 04 кој на европскиот пазар доаѓа како конкурент на Ford Focus и VW Golf.

Моделот 04 се темели на CMA (Compact Modular Architecture) платформата истата онаа што на пример се користи и кај моделот XC40 на Volvo. Оттука, иако недостасуваат официјални информации, по хаубата ќе се најде 1.5 литарски бензински три цилиндрен мотор и 2.0 литарски четири цилиндрен турбо мотор. Исто така ќе се лансираат и хибридна и целосно електрична изведба.

Кинескиот производител овој модел го тестира веќе 12 месеци, а на пазарот ќе дојде по веќе лансираните модели 01, 02 и 03.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK