Кинески BYD со оие три модели ја напаѓа Европа – познати се и цените

ОБЈАВЕНО НА:

BYD ќе носи три електрични модели во Европа: седанот Han, теренецот Tang со седум седишта и компактниот SUV Atto 3. Овие модели треба да бидат претставени на клучните европски пазари наесен. Кинескиот производител на автомобили сега и официјално го објави ова.

Компанијата ја објавува претпродажни цени за својата нова европска палета на патнички автомобили. Кинеската компанија воведува три целосно електрични патнички автомобили, првично достапни во Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Германија.

Пред крајот на годината, клиентите во Франција и Обединетото Кралство ќе можат да ги купат и возилата на BYD со нулта емисија. По оваа прва фаза, BYD ќе избере други дилери за спроведување на своите планови, со цел да може да ги опслужува сите големи европски пазари.

BYD Co., која сака брзо да заземе основа во Европа, ги откри прелиминарните цени за своите први три целосно електрични патнички возила за продажба во Европа.

Компактниот кросовер Atto 3 ќе биде достапен за 38.000 евра, кросоверот Танг и седанот Хан ќе бидат по цена од 72.000 евра, соопшти најголемиот кинески производител на електрични возила. Трите EV модели ќе бидат прикажани на саемот за автомобили во Париз во октомври.

Во првите осум месеци од годината, BYD продаде 974.348 електрифицирани патнички возила на глобално ниво, што е скок од 274% во однос на претходната година. Станува збор за 487.188 електрични автомобили и 487.160 plug-in хибриди, а најголемиот дел од нив се реализирани во Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK