Кинеска инвазија на Европа – кои брендови се најпогодени

ОБЈАВЕНО НА:

Со своите 25-28 милиони возила годишно, Кина не е само најголемиот автомобилски пазар во светот, туку и важен извор на обем и раст, напиша во својот извештај експертот за автомобилска индустрија Фелипе Муњоз од JATO Dynamics.

Првата фаза од проширувањето на автомобилите „Made in China“ е завршена. Дојде време да продолжат со освојување на светските пазари. Кинеските автомобили станаа поатрактивни, поекономични и исполнуваат повисоки стандарди за квалитет и безбедност. Сега се подготвени да го освојат светот со многу адути во рака.

Пред се, тие можат да сметаат на силната поддршка од кинеската влада. Во исто време, големиот домашен пазар им овозможува да одржуваат доволно ниво на производство за да ги задржат трошоците надолу. Покрај тоа, тие се пред нивните западни конкуренти во електрификацијата на секое ниво и во секој сегмент.

Од 1,1 милион автомобили произведени во Кина минатата година и продадени во странство, 355.000 се продадени во Латинска Америка, најголемиот пазар надвор од Кина. Европа е втора со 22% од продажбата во странство, а по неа следи Блискиот Исток со регистрирани 156.000 кинески автомобили. Но, земјите во развој и Русија ќе учествуваат со 58% од кинескиот извоз на автомобили следната година.

Сепак, Кина знае дека нејзината глобална доминација не е можна без подобро присуство на развиените пазари, во Европа, САД, Јапонија и Кореја. Последните две земји имаат прилично заштитени пазари. САД сè уште имаат геополитички и трговски проблеми со Кина, што ја прави Европа следната цел за кинеските автомобили.

Кои марки ќе бидат најмногу погодени од инвазијата на кинеските автомобили во Европа. Појавата на се повеќе кинески автомобили во Европа можеби ќе ги задоволи потрошувачите, но тоа ќе биде проблем за некои домашни производители. Оние кои нудат помалку производи и сè уште заостануваат во трката за електрификација се најранливи на кинеската инвазија.

Fiat, на пример, е многу ранлив. Тој е многу зависен од домашниот пазар (47% од продадените автомобили биле регистрирани во Италија помеѓу јануари и октомври 2022 година). Опсегот е многу мал – само 4 модели, а единствен производ за продажба е електричната верзија на Fiat 500.

Ford е другата потенцијална жртва. Брендот штотуку најави излегување од сегментот Б, кој иако не е толку популарен како во минатото, сепак е важен извор на продажба. Focus најверојатно ќе остане единствениот достапен автомобил по повлекувањето на Mondeo. Puma и Kuga се популарни теренци, но ниту еден не е целосно електрифициран.

Закана има и за некои јапонски брендови. Mitsubishi, на пример, моментално нуди два модели во Европа, а ниту еден не е целосно електричен. Во првите 10 месеци од оваа година, брендот продаде само 43.000 примероци. Дури и со Honda понудата е доста ограничена (5 модели) и единствената електрична Honda e ќе се бори за опстанок.

Сите тие припаѓаат на главниот сегмент – еден од најконкурентните и најмалку профитабилните во Европа. Тие напорно се трудат да го задржат својот удел на пазарот поради ограничената понуда. Како резултат на тоа, тие ќе бидат првите кои ќе го почувствуваат влијанието на кинеската инвазија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK