Kia со рекордна продажба на хибридни и електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

За тоа колку хибридните и електричните возила добиваат на популарност може да се види од последните продажни перформанси на Kia. Јужнокорејскиот прозвoдител во првиот квартал годинава забележа рекордна продажба на возила на хибриден и електричен погон.

Иако продажбата во првиот квартал годинава, споредбено со истиот период минатата година забележа пад од 14,5%, сепак она што ги израдува во Kia е значајното зголемување на продажбата на возила на алтернативен погон. Така, во вкупната продажба во првиот квартал, 21% од продадените возила се хибридни односно електрични што е на највисоко ниво досега.

Во оваа бројка влегуваат електричните верзии на Niro и Soul како и хибридните верзии на XCeed и Ceed Sportswagon.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK