Kia одбележа одличен јубилеј во Словачка. Во фабриката во Жилина беше произведен 4 милионитиот автомобил.
Јубилејниот модел е Kia Sportage со седум годишна гаранција, во бела боја и наменето за европскиот пазар. Истиот е со напредно ниво на опременост и 1,6 литарски бензински мотор под хаубата.
Kia во Словачка стартот на изградбата на фабриката започна на 18 март 2004 година, а целосно беше завршена во декември 2005 година. Распостранета е на 56,8 хектари, а вкупната инвестиција надмина една милијарда евра.
Во оваа фабрика се произведуваа моделите Venga, Cee’d, ProCeed, Sorento, ix35 и Sportage. Покрај автомобили, во оваа фабрика се произведуваат и мотори.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]