Пред неколку години, Kia Australia откри дека работи на пикап со двојна кабина за локалниот пазар, кој ќе биде позициониран како ривал на Toyota Hilux и Fod Ranger. Сепак, сега се чини дека пикапот нема да стане реалност, барем не така брзо како што се очекуваше првично.
Камионетот се очекуваше првично да се ланисира во 2022 година, но за време на неодамнешното интервју со „Водич за автомобили“, главниот оперативен директор на Kia Australia, Демиен Мередит призна дека не знае какви се тековните планови на јужнокорејскиот автомобилски производител за возилото.
Сè уште немаме јасна насока за тоа што ќе се случи со LCV (лесно комерцијално возило), тоа е вистинатa“, изјавил Мередит. „Ние се надеваме дека во следните две години ќе се случи нешто со LCV за нашиот бренд, не само за Австралија, туку и на глобално ниво. Добрата работа е што ако се случи тогаш мислам дека ќе имаме голема продажба затоа што сме голем пазар. Но, 2022 година е … освен ако не кријат работи од нас, тоа нема да се случи сега“.
Мередит верува дека од пикапот со двојна кабина од Kia би можел да продаде по 20.000 примероци годишно, што претставува 10 проценти од целата продажба на LCV на пазарот. За да се постигнат вакви бројки за продажба, Kia ќе мора да ги надмине продажбите на Isuzu D-Max, Mitsubishi Triton и Nissan Navara, а ќе остане само по Toyota Hilux и Ford Ranger.