Kia објави тизер за XCeed – премиерата во март

ОБЈАВЕНО НА:

XCeed ќе го заземе централното место на саемот за автомобили во Женева следниот месец. Како најава на светската премиера на овој SUV, Kia претстави тизер фотографија.

Ентериерно моделот ги има истите линии како и Ceed, а тоа многу јасно може да се погледне од тизер фотографијата, но и претходно објавените шпионски фотографии снимени од тестирањето на овој модел.

И внатрешноста се очекува да биде идентична и покрај тоа што нема официјални фотографии од внатрешноста. Она што е новитет, а е потврдено е дека овој модел ќе располага со 12.3 инчна диигтална инструментална табла која доаѓа со повисокото ниво на опрема.

XCeed ќе ги има истите мотори како и основната изведба на Ceed, а според пишувањата ќе добие и електифицирана изведба која ќе се појави кон крајот на годинава, не подоцна од првиот квартал следната.

Инаку XCeed е четвртиот член кој се приклучува на семејството Ceed. Во моментов ова семејство го сочинува хечбек изведбата Ceed, Ceed SW и ProCeed.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK