Многу ретко се случува корејските производители да треба да објават повик со кој одреден модел и број на возила од различни причини треба вонредно да заминат на сервис. Но, понекогаш и тоа го има. Сега ваков повик до на 1,7 милиони сопственици ќе испрати Kia, а поврзано за нивниот модел Sportage.
Во објаснувањето за детектираниот проблем кај возилата се вели: „ Краток спој може да се појави во модулот на систем против блокирање на тркалата (ABS) / електронска програма за стабилност (ESP). Ова може да доведе до прекумерен проток на струја што може да го зголеми ризикот од пожар во моторниот простор“.
За повикот се опфатени моделите на Kia Sportage произведени во периодот од 19 март 2015 до 23 октомври 2020, и не се опремени со smart cruise control (SCC).
Земјата на производство на возилата е Словачка. Пријавата стигнала од Германија, а исто така слични проблеми со возила биле пријавени и во Франција, Грција и Полска.
Kia recall code: 210S21
Affected models: Sportage
Vehicle numbers (worldwide): 1,718,768
Source: Rapex Alert 21/2021 A12/00736/21
KBA Report 010687