Kia и Рафаел Надал во промоција на новиот кросовер EV6

ОБЈАВЕНО НА:

Тениската легенда Рафаел Надал ја покажа својата посветеност да ја промовира еколошката мобилност со зголемување на употребата на првиот електричен модел на Kia. Примопредавањето на новиот кросовер EV6, беше во Академијата Рафа Надал во неговиот шпански роден град Манакор, Мајорка.

На настанот, Надал доби посебно подготвен EV6 GT-Line како демонстрација на заедничката визија на двајцата долгогодишни партнери за создавање подобар свет и за инспирација на новата генерација на возачи да ја прифатат електричната мобилност. Церемонијата уследи по европското лансирање на кросоверот EV6 и служеше да ја нагласи целта на новата марка на Kia – „Движење што инспирира“.

Во согласност со посветеноста, Надал активно ќе го користи кросоверот EV6 за неговата лична мобилност во Мајорка, како и на големите тениски турнири како што е Австралија Опен во 2022 година. Понатаму, тој го изрази својот интерес сите возила што се користат во Академијата Рафа Надал и Фондацијата Рафа Надал да бидат електрични возила до 2022 година.

„Мојата работа природно бара многу патувања, а мојот начин на живот не е целосно одржлив. Но, решен сум да ги направам потребните промени каде што можам, почнувајќи од мојата лична употреба на кросоверот EV6 во Мајорка и пошироко“, рече Надал на настанот. „Се чувствувам среќен што ја имам поддршката од Kia и новиот EV6 што ќе помогне да се поттикне мојата посветеност. Би сакал да ги охрабрам другите да ми се придружат во возењето на вакви возила секаде каде што е можно“.

Церемонијата беше на осветлено тениско игралиште, наречено „ЕВ6 терен“, чиј систем за осветлување беше електрично напојуван од прилагодената EV6 GT-Line. Првото наменско електрифицирано кросовер возило на Kia може да се пофали со напредна V2L функција (возило до товарење) и служи како преносливо, само-генерирачко напојување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK