Hyundai и Kia објавија повлекување на 484.577 возила произведени помеѓу 2014 и 2018 година поради опасност од пожар. Алармантно, постои можност за пожар дури и ако возилото е паркирано и не работи.
Ризикот е таков што Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) издаде специјално предупредување за да ги предупреди сопствениците на некои модели како Kia Sportage (2014-2016), Kia K900 (2016-2018) и Hyundai Santa Fe (2016-2018) да ги паркираат своите возила надвор и подалеку од други возила.
Коренот на проблемот се чини дека се ABS модулите, во кои може да се развие електричен краток спој што го зголемува ризикот од пожар во моторниот простор додека сте паркирани или возите. Hyundai сè уште активно го истражува проблемот за да ја утврди специфичната основна причина за дефектот.
На сопствениците им е кажано дека сè уште можат да ги возат своите возила, иако не треба да ги паркираат внатре на затворен простор. Ако проблемот се појави кога сопственикот е во автомобилот, тој може да види како излегува чад од моторниот простор, да мириса на горење и топење и може да види како MIL и/или ABS светлото светат на инструмент таблата.
Штом Hyundai и Kia ќе можат, тие ќе контактираат со сопствениците преку пепорачана пошта барајќи од нив да го донесат своето возило во застапништвото на преглед. Производителите на автомобили потоа ќе ги испитаат возилата за да видат дали нивните ABS модули се проблематични и ќе ги заменат со нови делови доколку е потребно. Производителите на автомобили ќе ги надоместат сите сопственици кои морале сами да ги поправаат своите возила.
За жал, компаниите не очекуваат дека ќе можат да ги информираат сопствениците до 5 април 2022 година.
Нема информација дали вакви проблеми има и кај автомобили од двата бренда, а што се продадени во Европа.