Kia и Hyundai ја претставија новата технологија за полнење со соларна енергија

ОБЈАВЕНО НА:

Сестринските компании KIA motors и Hyundai motor неодамна го претставија планот за лансирање на технологијата за полнење со помош на „соларен кров“, кој ќе биде расположив кај одредени модели на оваа автомобилска групација.

Електрично полнетите соларни панели ќе бидат сместени на кровот или на хаубата на моторот на возилото со цел поддршка на моторите со внатрешно согорување, на хибридните и електричните возила со дополнителна електрична сила и на тој начин придонесуваат за смалување на потрошувачката на гориво и зголемување на дометот.

Технологијата на полнење на батериите со соларна енергија е развиена за да помага на главниот извор на сила, а на тој начин помага во зголемување на дометот и ја смалува емисијата на CO2.

Системот ќе има можност за полнење на батериите за еколошки прифатливите електрични и хибрдини возила, како и за восила со мотори со внатрешно согорување со цел смалување на потрошувачката на гориво.

Автомобилската групација Hyundai-Kia развива три типа на систем на полнење со помош на соларен кров: Првата генерација на системот е наменета за хибридните возила, додека втората генерација на технологија донесува полупровиден систем на соларен кров за мотори со внатрешно согорување. Третата генерација ги претставува лесните соларни кровови, кои се наменети за полнење на батерии на електричните возила.

Првата генерација на системо, кој се користи кај хибридните модели е направена од силиконски соларни панели, вградени во стандениот кров на возилото. Овој систем може да наполни 30 до 60 проценти од батеријата во тек на вообичаен ден во зависност од временските услови и другите фактори од околината. Полупровидниот соларен кров е прва технологија на полнење во светот, наменета на возила со мотор со внатрешно согорување.

Втораа генерација на полупровиден соларен кров ќе се користи на возилата со мотори со внатрешно согорување, што ќе биде прва употреба на ваква технологија во светот. Овие полупровидни панели може да се вградуваат и на панорамските кровови што значи дека при полнењето пропуштаат светлост во кабина.

Употребата на соларен систем при полнењето на возилата со мотори со внатрешно согорување ќе им овозможи полесно исполнување на сите построги еколошки прописи, кои се однесуваат за емисијата на CO2.

Третата генерација на системот во моментов е уште во тест период. Наменета е за поставување на хаубата на моторот или на кровот на еколошки прифатливите електрични возила со намена за постигнување на најголемо искористување на расположивата енергија.

Како делуваат соларните панели

Соларните системи на полнење го прават соларниот панел, контролерот и батериите. Кога панелот ги апсорбира фотони од сончева светлина, создава парови на електронски дупки во силиконските ќелии и така овозможува струја која поминува и создава електрична енергија.

Соларниот панел со сила од 100W може да произведе до 100 Wh енергија (во идеални услови: на лето на пладне, 1000 W/m2 интензитет на зрачење).

Контролерот има MPPT (Maximum Power Point Tracking), кој управува со напонот и со струјата да може да се зголеми ефикасноста на електричната енергија, добиена од соларните панели. Таа сила се претвора и се складира во батериите или се користи за смалување на оптовареноста на генераторот на наизменичаната струја (AC), со што се зголемува дометот на возилото.

Hyundai Motor оваа технологија ќе ја вградува во своите возила после 2019 година, со што ќе се исполнат глобалните еколошки барања и ќе се смали потрошувачката на гориво додека Kia своите планови ќе ги претстави наскоро.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK