Kia го тестира XCeed – премиера во март во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година Kia ја претстави новата генерација на Ceed и ProCeed изведбата, кон крајот на 2018 година беше потврдено и доаѓањето на новиот мал градски SUV кој произлегува од Ceed моделот.

XCeed е називот кој го обелодени јужнокорејскиот производител, а во моментот овој модел се тестира на екстремни зимски услови, а репер при тестирањето е T-Roc моделот на Volkswagen.

Овој модел на пазарот ќе се појави како конкурент на Ford Focus Active, Subaru XV, VW Golf Alltrack и VW T-Roc, а ќе се продава на глобалниот пазар каде е застапен брендот на Kia.

Екстериерот ќе биде речиси идентичен како и основната изведба на Ceed, а единствено различно ќе биде поголемите димензии вклучувајќи го и поголемиот клиренс. Ентериерот пак ќе биде во целост ист, а ќе се карактеризира со малку поголема комфорност на задната клупа и поголемиот багажен простор.

XCeed во понудата на Kia ќе се позиционира помеѓу Stonic и Sportage, а премиерата е веќе закажана за 5. март оваа година во рамките на саемот за автомобили во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK