Kia EV6 направенa од 350.000 Lego коцки во природна големина (Фото + Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Да се направи било кој модел на автомобил од Lego коцки во некој размер е навистина макотрпно, а ако тоа се „среди“ и во природна големина тогаш треба многу време, мајсторија и многу, многу коцкички.

Но, на италијанскиот оддел на Kia, во соработка со BrickVision, не им беше тешко да го прифатат предизвикот.

Тие решија да создадат верзија на целосно електричниот модел EV6 и тоа во природна големина. На тимот му требале повеќе од 800 часа и 350.000 лего коцки за да го состави претходно дигитално генерираниот модел во размер 1:1.

KIA EV6 LEGO

За реализација на интересниот проект, на тимот му беа потребни 4 месеци подготовка, од кои голем дел беше посветен на желбата да се реализира препознатливиот систем за осветлување на стандардната верзија на електричниот автомобил.

Претставен во 2021 година, Kia EV6 беше првата од 15-те целосно нови понуди на електричниот пазар што марката ќе ги лансира на глобално ниво до 2027 година.

LEGO верзијата на Kia EV6 ќе биде претставена на пошироката јавност за време на Fashion Week во Милано што трае до 23 април

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK