Кен Блок ќе „дрифта“ со електрични Audi возила

ОБЈАВЕНО НА:

За Кен Блок сигурно сте слушнале и сте гледале некое негово адреналинско видео во кое тој вози автомобили со силни перформанси, и „дрифта“ на места каде можеби некој не би ни возел автомобил. Овој 53 годишен возач е на сцената од 2005 година како рели возач и реликрос возач.

Но, наместо досегашните возила по кои Кен Блок сме го познавале, во иднина негов „сопатник“ за дрифтање и адреналинско возење ќе биде Audi. Компанијата објави дека Кен Блок се приклучува на тимот на брендот, за кој вели дека е „брендот што ја запали неговата страст за мотоспортот“.

Кен Блок бил тинејџер кога Audi quattro направи револуција во WRC и Audi Sport quattro S1 го извозе Пајкс Пик во САД во рекордно време. Токму овие возила беа сонот на Блок да стане рели возач.

И сега при неговата прва посета на Audi, му се исполни уште еден сон: му дозволија да испроба неколку историски возила и спортски возила од неговиот омилен бренд. Тука спаѓаат Audi Sport quattro S1, Audi V8 quattro од DTM и футуристичкиот Audi e-tron Vision Gran Turismo.

Кен Блок и Audi

Но, наместо досегашните возила по кои Кен Блок сме го познавале, во иднина негов „сопатник“ за дрифтање и адреналинско возење ќе биде Audi. Компанијата објави дека Кен Блок се приклучува на тимот на брендот, за кој вели дека е „брендот што ја запали неговата страст за моторспортот“  

Без да навлегува во многу детали за нивната идна соработка, Audi објави дека ќе биде поврзана со светот на електричната мобилност.

Со нетрпение очекуваме да ги видиме следните проекти во кои Кен Блок ќе биде вклучен заедно со Audi.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK