Ќе се гради најдолг автопат на светот – од Хамбург до Шангај! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално руските власти ја одобрија изградбата на автопатот на свилата или официјално Меридијан кои има за цел да го поврзе Шангај (Кина) со Минск (Белорусија), а потоа и Хамбург (Германија) со што ќе се оформи најголемиот автопат во светот.

Руските власти веќе одвоија речиси 9 милијарди долари за изградба на автопатската делница од 2 илјади километри која ќе се гради на нивна територија, а периодот на изградба ќе изнесува 14 години.

Со ова ќе се оформи предвидениот автопат кој е во севкупна должина од нешто повеќе од 8 илјади километри.

На изградбата на овој автопат се спротистави американскиот претседател Доналд Трамп кој го окарактеризира овој чин како начин за воспоставување на глобална доминација на Кина.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK