Ќе има ли кавга со BMW: Volvo го лансира брендот М

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo одлучи да вклучи нов бренд, кој ќе биде со ознаката М со што BMW ќе добие придружба и веќе нема да биде осамен производител со ваква ознака. За разлика од BMW каде ознаката М се однесува за најдоброто од производственатга програма во Volvo, ознаката М ќе се користи за мобилност и сите услуги поврзани со овој дел од бизнисот.

Произведувачот на автомобили од Шведска сè почесто ќе ги нуди своите автомобили низ различни облици на наем, но во рамки на својот сервис. Тие сега се насочени околу М, а на овој бренд ќе биде базирана и комуникацијата со корисниците.

„Volvo е повеќе од авто произведувач. Го препознавме урбаниот корисник кој гледа подалеку од класично власништво на автомобилот. М е нашиот одговор. Ние стануваме директен сервис за комуникација со слоганот ‘Freedom to move'”, вели првиот човек на Volvo, Хакан Самуелсон.

Volvo на некој начин е пионер во услугата car sharinga. Само во Шведска програмата Sunfleet опфаќа 1.700 возила и пола милион поединечни услуги годишно, а овозможува целосно нова димензија во користењето на автомобилот осободен од „товарот“ на сопственост. Во следните пет години Volvo Планира оваа услуга да ја подели со барем пет милиони корисници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK