Доколку зад воланот седат во широки фармерки, долг фустан или погрешно одбрани обувки, возачите во Велика Британија ризикуваат да платат казна од 5.000 фунти доколку ги запре полиција.
Без оглед на тоа дали тргнале само до продавница или на подолго патување, возачите мораат добро да размислат што ќе облечат пред да седнат зад воланот бидејќи во случај да ги запре полизијца, погрешниот избор може да ги чини скапо. Не само што ќе платат парична казна туку ќе добијат и казнени поени.
Убавите и широки фустани се идеални за жешките летни денови, но не се дозволени за носење при возење. Доколку полицаецот утврди дека возачот не е облечен во согласност со прописите, на лице место ќе треба да плати казна од 100 фунти и ќе добие три казнени поени. Во случај спорот да дојде до суд, мксималната казна може да биде и 5.000 фунти и девет казнени поени. Дури е предвидено и одземање на возачката дозвола.
Како треба да се облечат пред да седнат зад воланот?
Како што правилото 97 од Кодексот за автопати вели: „Облеката и обувките кои ќе одлучите да ги носите додека возите не смеат да ве спречат правилно да ги користите управувачките команди во автомобилите“.
На врвот на „црната листа“ се најдоа долгите фустани. Иако изгледаат убаво и се удобни, би можеле да се заплеткаат околу педалите и да го ограничат сигурното управување со возилото. Истото важи и за многу широките панталони. Што се однесува, пак, до обувките правилата се прилично едноставни. Штиклите не доаѓаат предвид. Премногу го одалечуваат стапалото од педалите за да може со нив безбедно да се управува со автомобилот. Затоа би било најдобро во автомобилите да се чуваат резервни чевли со одговарачка висина на потпетици.
Јапонките и папучите се исто така забранети. Законот вели дека секое чевли со ѓон со дебелина помала од десет милиметри се несигурни и поради тоа нивното носење се казнува со парина казна. Од друг страна и чизмите со дебел ѓон влијаат на безбедното возење и исто така се сметаат за опасни.
Меѓудругото, на списокот се најдоа и очила за сонце кои не смеат да бидат премногу затемнети, а рамките мора да бидат доволно широки да несе затвора периферниот вид на возачот. Значи, пред да одлучите со автомобилот да ја прошетате Велика Британија, добро размислете што ќе облечете и ќе ги следите правилата бидејќи тоа може да ви заштеди многу пари.