Возачите на германски автомобили се најопасните на патот, а тоа го покажуваат резултатите од истражувањето направено од сајтот GoCompare Car Insurance. Според статистичките податоци сопствениците на германските автомобили најчесто ги нарушуваат правилата и предизвикуваат несреќи.
Неспорен лидер на антикласификацијата е BMW 4, особено модификацијата 420d. Податоците од осигурувањето сугерираат дека возачите на баварското купе најчесто се виновници за несреќи и добиваат најмногу казни.
Возачите на Mercedes-Benz и Audi не заостануваат многу. После BMW 4 со 17,1% во прват десетка на најчестите прекршители се сопствениците на Audi A5 (15,5%), Mercedes-Benz C220 (14,8%), Mercedes-Benz E220 (14,8%), Jaguar XF (14,3%), Mercedes-Benz CLA (14,3%), Mercedes-Benz GLC (14,0%), Audi Q7 (13,8%), Land Rover Range Rover (13,8%) и Mercedes-Benz CLS (13,5%).
Најпримерни, пак, се возачите на Vauxhall (Opel) Agila (4,1%), Hyundai i10 (4,3%), Nissan Micra (4,4%), Kia Picanto (4,4%), Hyundai Getz (4,5%), Suzuki Alto (4,6%), Ford Ka (4,6%), Skoda Citigo (4,7%), Honda Jazz (4,8%) и Fiat Panda (4,9%).