Како се мери волуменот на багажникот во литри?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе купите автомобил, верувате во податоците кои се наоѓаат во податоците за возилото добиени од страна на производителот. Тоа важи како за моќноста така и за волуменот на багажникот.

И додека за првото можете да проверите на таканаречениот диностенд, проверката на второто е многу потешка.

Мерењето на волуменот на багажникот не се прави со основни познавања на геометријата. За мерењето се потребни многу картонски кутии со определен размер, но и метод кој дава различни резултати кои зависат од размерите на кутиите.

Европска проверка  (VDA)

Кутиите треба да се со димензии 50х100х200, а тогаш волуменот е рамен на еден литар. Колку кутии се соберат толку литри е неговиот волумен. Ова мерење е измислено од страна на Германците од VDA (Verband der Automobielindustie – Сојуз на автомобилската индустрија во Германија) и се однесува за европските автомобили.

Американска проверка (SAE)

Овој начин е значително посложен бидејќи се потребни правоаголни предмеди со различни димензии од 229х483х610 мм до 152х114х325 мм. Секоја од нив е еднаква на стандардните размери на различни куфери, торби итн. Определената бројка од секој вид како и распоредот во багажникот е според сложена шема. Методот на Американците од SAE (Society of Automotive Engineers – Здружение на автомобилски инженери) и важи за американските возила.

Кој метод е попрецизен?

Ако еден и ист багажник се премери според стандардите на VDA и на САЕ, секогаш ќе има разлика. Таа обично е в рамки на 10-15 проценти во корист на европскиот стандард. Помалите кутии, користени од жителит на Европа се многу  потесно вметнати во багажникот и оттаму доаѓа и разликата. Сепак, како корисници многу ретко се полнат багажниците со еднакви товари со мали размери. Поради тоа повеќето од експертите се на мислење, дека американскиот метод е пореален, но, пак, европскиот е поточен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK