Како да заштедите: Мануелната клима троши 80 проценти повеќе од автоматската

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на клима уредите во автомобилите може да предизвика одредени проблеми кај лицата кои наоѓаат во возилото. Може да предизвика премореност, главоболка и проблеми со дишењето. Од друга страна може да влијае и на потрошувачката на горивото.

На некои возачи од сите овие проблеми најмногу им влијаат финансиските „неволји“. Поради нерационално користење на клима уредите потрошувачката на горивото, во градскиот метеж на кратки релации, може да порасне до пет литри на 100 километри. Тоа може да им се случи на возачите кои редовно возат на кратки релации (до пет километри) во текот на најголемиот метеж.

Климата најмногу троши во првиот период на разладување, а доколку возилото се движи исклучително бавно, потрошувачката лесно ќе порасне и за пет литри. Сепак, климата во правило не троши повеќе од 2,5 литри гориво на 100 километри во силниот градски метеж и околи 1,5 литри на 100 километри, кога метежот е нешто помал. На отворен пат клима уредите трошат меѓу 0,5 и еден литар на 100 километри, додека на автопат околу 0,3 литри на 100 километри.

Сите овие вредности важат повеќе за просечен градски автомобил со рачна, мануелна клима. Поголемите модели и моделите со автоматска клима трошат помалку. Автоматската клима постојано се прилагодува на условите, а рачната по правило главно работи на 100 проценти сила. Затоа раната клима може да потроши и 80 проценти повеќе гориво од модерниот автоматски систем.

Гасењето на климата за да се заштеди гориво има економски смисол само во градскиот метеж. Така ќе заштедите неколку литри во текот на месецот. Сепак, гасењето може да предизвика потење, незгоден мирис и најважно, да допринесе за пад на концентрацијата. Претстојувањето во претопол автомобил дополнително го заморува возачот и предизвикува до пад на неговата концентрација, што може да биде првиот чекор за несреќа.

Главното правило е клима уредот да не се користи претерано односно да не се разладува внатрешноста на автомобилот на 20 степени, ако надвор е 35. Температурниот шок кој телото го доживува после излегувањето од така изладениот автомобил е главната причина за повеќето здравствени проблеми. Температурата во автомобилот би требала да биде максимум седум до десет степени пониска од надворешната.

Паркирајте под сенка, кратко спуштете ги прозорците и заштедете

Одбирањето на вистински клима уред е пола заштеда. За другата половина од заштедата е одговорен самиот возач.

Мануелна клима

Ако ја користите постојано на максимална сила и притоа возите кратки градски делници просечното зголемување на потрошувачката ќе биде повеќе од две литри гориво на 100 километри.

Автоматска клима

При купување на автомобил одберете модели со автоматска клима. Таа автоматски се прилагодува на потребите и така троши и 40 проценти помалку.

Отворете ги прозорците

Внатрешнота ќе се разлади многу побрзо ако првите неколку стотици метри возите со сосема отворени прозорци. После тоа затворете ги и уклучете ја климата.

Паркирајте под сенка

Оние кои паркираат под сенка се во голема предност. Внатрешноста на автомобилот после два часа ќе биде и 20 степени поладна отколку во автомобилот кој стои директно на сонце.

Прениски температури

Не местете ја климата на 19 кога надвор е 32. Освен зголемената потрошувачка, се изложувате на ризик од топлотен удар. Кога надвор се 32 степени во автомобилот би требало да биде 25.

Филтер на климата

Вака излегда после две години користење. Јасно е дека многу лесно станува легло на зарази на респираторниот тракт, но и генератор на дополнителна потрошувачка на горивото.

Одржување на климата

Многу возачи клима уредите воопшто не ги одржуваат што е грешка. Освен што тоа е првиот чекор кон дефект, неодржувањето е причина за потрошувачка на повеќе гориво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK