Кај електричните возила во Европа владеат VW и Тесла

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата во август на електрични возила во Европа скокна за 21 отсто, а на првите три места по продажба се два модели на VW и еден на Tesla. Разликата меѓу првите двајца е 80 возила.

На пазарот на нови автомобили, единствено кај електричните возила има пораст, а во Европа таа бројка е 21 отсто, на електрични и плагин возила. Без разлика што има недостаток на чипови за вградување во новите возила, продажбата на бројот на електрични и хибридни возила постојано расте.

Лани биле регистрирани вкупно 151.737 возила, што е скок од 61 отсто во однос на лани, почнувајќи од јануари 2021 па досега продадени се 1,32 милиони возила.

За првпат продажбата на електрични и хибридни возила го надмина бројот на дизелски возила. Купувачите стануваат свесни за предностите на електричните возила и затоа и скокаат бројките. Бројките за продажба се само од 27 земји во Европа, членките на ЕУ.

Во однос на производителите што нудат возила со „нулата емисија“, Volkswagen е најпопуларен во Европа. Неговиот модел ID.3 го завзема првото место, а во Топ-3 има уште еден модел на германскиот бренд, ID.4. Разликата меѓу VW ID.3 и второпласираниот Tesla Model 3 е само 80 продадени возила.

Меѓу првите десет најдобро продавани електрични возила се и модели на Renault, Ford, Kia, Skoda и Fiat.

Најпродавани електрични возила во Европа за август 2021
Volkswagen ID.3 : 7904
Tesla Model 3 : 7824
Volskwagen ID.4 : 4624
Renault Zoe : 4032
Ford Mustang Mach-E : 3621
Kia Niro : 3561
Skoda Enyaq : 3541
Tesla Model Y : 3478
Volkswagen e-up! : 3219
Fiat 500e : 3152

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK