Јубилеј: 60 години Skoda Felicia кабриолет

ОБЈАВЕНО НА:

За време на пролетниот саем во Лајпциг одржан на 1 март во 1959 година, Skoda претстави еден од најкарактеристичните модели, иако и не се толку популарни како крајна бројка, автомобилот Felicia кабриолет. Од 1959 до 1964 година, Skoda произведе 14.863 примеоци од отворената Felicia во фабриката во Квасини, а повеќе од 2/3 беа извезени.

Благодарение на модерната конструкција и помеката суспензија, Felicia кабиолет нуди комфорно патно однесување, но една од најинтересните карактеристики на автомобилот е поврзана со неговиот таван.

Како надополнување кон стандардниот таван на склопување, од Skoda нудат специјално изработен тврд кров изработен од фиберглас.

Со тежина од 930 килограми, носивост од 300 килограми, 2+2 локалното кабрио на Felicia е опремено со 1,1-литарски, четирицилиндричен, бензински мотор со максимална моќност од 500 коњски сили и максимален вртежен момент од 74.5 Нм. Максималната брзина на движење на автомобилот е 130 км/ч, а средната потрошувачка на гориво е девет литри на 100 километри.

Во март во 1961 година, Skoda ја претстави новата верзија на кабриолетот на саемот во Женева, која се одликува со нова маска, нови задни светла, предни седишта со опција за спуштање во хоризонтална позиција и претворање во кревет и друго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK