Jeep со тизер за новиот Grand Wagoneer

ОБЈАВЕНО НА:

Шпекулациите и официјално потврдени – Jeep потврди дека новиот модел кој ќе биде претставен на 3 септември ќе биде Grand Wagoneer.

Оваа вест ја соопшти објавувајќи тизер фотографија и натпис “Returns” со кој го најави враќањето на овој модел.

Засега нема официјални технички податоци, но американските медиуми пренесуваат дека Grand Wagoneer ќе има Pentastar V6 мотор со 5,7 и 6,4 литарски HEMI V8 бензински мотор. Истите овие мотори ќе бидат достапни и во mild-hybrid верзија со автономија од околу 50 км и осум степен автоматски менувач.

Инаку овој модел забележа огромен успех во периодот од 1963 до 1991 во кој и се произвеудваше и продаваше во САД. Сега од FCA се убедени дека овој успех ќе биде повторен и во следните години, како во САД така и во Европа каде за прв пат ќе дебитира.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK