Поради проблеми откриени во модели продадени ширум светот Jeep ќе повика на дополнителен сервис најмалку 34.000 возила од моделот Grand Cherokee кај кои се појавува дефект на EGR кулерот.
Се работи за возила произведени во периодот од 19 декмеври 2012 до 17 јануари 2019 година.
„Во EGR кулерот може да се појават пукнатини. Тоа би можело да го зголеми ризикот од пожар во возилото, се вели во објаснувањето.
Земјата на производство на овие модели е САД, а дефектите се пријавени во Германија, а ги има и во други земји.
Jeep recall code: W79
Affected models: Grand Cherokee
Vehicle numbers (worldwide): 34 334
Source: Rapex Alert 20/2021 A12/00678/21