Повеќето американски авто магазини пренесуваат дека Jeep Compass ќе добие дизелски мотор од Mercedes. Овој модел наскоро ќе го добие Mercedes-Benz OM654 моторот кој беше воведен од страна на германскиот призводител во 2016 година.
Во моментов Compass е понуден со 2.4 литарски MultiAir мотор кој продуцира 180 КС, а наскоро понудата ќе се збогати со мерцедосовиот 2.0 литарски четири цилиндрен турбо дизелски агрегат кој пак продуцира 192 КС.
Сепак, американските медиуми наведуваат дека овој мотор ќе биде достапен само во европската и азијската понуда на Compass, а како најголема причина за воведувањето на овој мотор е пресретнување на строгите регулативи околу емисијата на штетни гасови.