Јапонците можат да го купуваат новото Suzuki Xbee

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Токио кој донесе неколку промоции на нови автомобили беше можноста за да биде виден и новиот Suzuki Xbee concept, кој беше претставен во сериска варијанта. Автомобилот има систем за асистенција на возачот, а достапни се и неколку елементи за персонализација. Xbee има мотор турбо бензинец со обем од 1.0 литар, а располага со 99 коњски сили.

Во понудата е и верзија со погон на сите четири тркала, а долг е 3,76 метри, широк 1,67 метри и висок 1,705 метри.

Овој автомобил ќе се продава само во Јапонија, а очекувањата се месечно да се продаваат по 2.000 возила. Почетната цена изнесува 13.155 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK