Јапонскиот цар ќе се вози во ултра луксузната Toyota (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На церемонијата на јапонскиот цар Нарухито која се одржа во Акасака, во Токио, и официјално беше претставен ултра луксузниот Toyota автомобил кој ќе биде во служба на царското семејство.

Станува збор за најновата генерација на Toyota Century со децении е службено возило на јапонскиот цар. Станува збор за изведбата Laundalet која всушност е модернизирана изведба на класичниот Century со можност за конвертибилен покрив.

Ексклузивноста на оваа изведба најдобро се гледа во внатрешноста која е опремена со аудио систем со 20 звучници распоредени по целата внатрешност на возилата, надворешна звучна изолација, покомфорни седишта и слично. Под хаубата се наоѓа 5 литарскио V8 мотор кој располага со 376 КС.

Инаку, првата генерација на овој модел се појави во далечната 1967 година, две години откако Nissan ја претстави лимузината President. Овие два модели беа воведени како официјално возило на јапонските државни функционери како и кралското семејство. По 30тина години во 1997 година е воведена втората генерација на Century, а минатата година на саемот во Токио беше претставена и третата генерација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK