Јапонска банка инвестира 2,25 милијарди долари во автономните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Новата технологија како електричните погони и автономното возење предизвикува се поголем и поголем интерес. Доказ за тоа е последната во низа инвестиции во автономната технологија која ја направи јапонската банка Softbank.

Оваа банка основана во 1981 година во Токио објави дека ќе инвестира 2.25 милијарди американски долари во автономната технологија на General Motors која ќе биде искористена кај новиот модели на оваа компанија, пренесува Ројтерс.

Покрај акции, Softbank за возврат за оваа инвестиција која ќе биде директно спроведена во Cruise Automation, компанија која функционира под GM, ќе добие и место во одборот на директори со што дирекнто ќе се вклучи во управувањето на компанијата.

Претходно оваа банка како дел од диверзификација инвестираше и во Uber како и во телекомуникациската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK