Jaguar Land Rover ја претставија MLA платформата и најавија нови три модели

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот британски производител Jaguar Land Rover кој е во сопственост на Tata Групацијата, веќе некој период активно работи на нова платформа која ќе биде искористена за идните модели на оваа групација.

Компанијата сега и официјално претстави две нови платформи и тоа MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформа како и PTA (Premium Transverse Architecture) платформата. На овие две платформи ќе се темелат сите идни модели на двата бренда на оваа компанија. Така PTA платформата ќе дебитира во 2020 година и тоа со новиот редизајниран модел Range Rover Evoque, а ќе биде основа на која ќе се базираат и други помали кросовер модели.

Другата, MLA платформа, исто така ќе дебитира во 2020 година, а на оваа платформа ќе дебитира целосно новиот Defender како и останатите поголеми SUV возила. Иако нема официјални потврди, на оваа платформа ќе биде произведен и минимум еден нов модел на Jaguar.

Всушност, покрај редизајнираниот Evoque и целосно новиот Defender, Jaguar Land Rover во наредниот период се очекува да го претстави и целосно новиот Jaguar J-Pace чија премиера треба да се случи помеѓу 2020 и 2023 година.

Со овие нови платформи од компанијата се  надеваат дека ќе ја зголемат конкурентноста, а со тоа и значително зголемат продажбата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK