Jaguar Land Rover (JLR) објави дека компанијата има намера да инвестира импресивни 15 милијарди фунти во следните 5 години за да обезбеди електрификација, автоматизација и дигитализација на своето идно портфолио на производство и модели.
JLR објави дека фабриката на компанијата во Хејлвуд, Велика Британија, ќе се трансформира во фабрика која произведува целосно електрични автомобили, помагајќи ѝ на компанијата да ја реализира својата цел за 100% електрифицирано производство до 2030 година.
Друга интересна информација која доаѓа од JLR е дека подоцна годинава Land Rover ќе започне да прифаќа барања(предмет на претходно одобрение од компанијата) за купување на својата прва off-road и 100% електрична верзија на Range Rover.
JLR исто така објави дека првиот од новата генерација луксузни SUV модели од средната големина во семејството на Range Rover ќе биде лансиран во 2025 година и ќе се произведува во Хејлвуд.
Јагуар ќе добие три целосно електрични автомобили (нова архитектура JEA), од кои првиот ќе биде GT со четири врати, кој ќе биде најмоќната понуда на пазарот во целата историја на легендарниот бренд, ќе нуди опсег до 700 километри и ќе има индикативна цена од 100.000 фунти. Електричниот автомобил ќе се најде во продажба следната година, а првите испораки ќе бидат направени во 2025 година.