Jaguar Land Rover потврди дека во април ќе го прекине производството во своите фабрики во Велика Британија поради Брекситот.
Станува збор за еднонеделен прекин на производството кој ќе започне помеѓу 8 и 12 април. Ова доаѓа како последица од неизвесноста која произлегува од напуштањето на Велика Британија на Европската Унија, па земајќи ги во предвид политичките збиднувања JLR се одлучи на ваков чекор.
Ова не е единствена одлука која Jaguar Land Rover ја донесува како последица на излегувањето на земјата од Европската Унија. Претходно донесе одлука за намалување на бројот на вработени за 5.000, а исто така минатата година ја отвори и фабриката во Словачка каде префрли дел од производството.
Покрај JLR и другите производители со фабрики во Велика Британија како што се Toyota, Honda, Ford, донесоа мерки на намалување на обемот и трошоците.