Најпопуларниот модел на Jaguar, I-Pace доби максимални пет ѕвезди на Euro NCAP краш тестот, покажуваат официјалните резултати.
Максималните пет ѕвезди овој модел ги доби благодарение на 91% успешност во поглед на безбедноста и сигурноста на возачот. Идентични 81% овој модел оствари во однос на безбедноста на децата и безбедностната асистенција додека најслаб перформанс оствари во поглед на безбедноста на пешаците.
И покрај тоа, овој модел кој е еден од најпопуларните електрични автомобили во Европа, важи за еден од најбезбедните автомобили, не само во својот сегмент туку и воопшто.
Со овој скор, I-Pace се придружува на моделите E-Pace, F-Pace, XE и XF кои забележаа максимални пет ѕвезди на овој тест. Гледано во вкупни перформанси, I-Pace е втор по безбедност SUV во понудата на Jaguar по моделот F-Pace, а за нијанса подобри перформанси имаат и моделите XE и XF.