Неколку дена пред да можеме да станеме сведоци на претставувањето на F-TYPE R-DYNAMIC BLACK, JAGUAR ја најави и тематската BLACK верзија на целосно електричниот модел I-PACE.
Како што кажува самото име, основиот акцент кај JAGUAR I-PACE BLACK е во дополнително полираните црни елементи, но новата верзија на електромобилот исто така добива и зголемена опрема.
Новите полирани црни елементи можат да биде откриени во капаците на надворешните огледала, челната решетка, рамките на вратите, амблемите на задниот дел од автомобилот, 20-цолови тркала и други. Тематиката продлжува и во внатрешноста на JAGUAR I-PACE BLACK, каде што од компанијата се потпираат на спортските седишта со кожен тапацир, Ebony, пакет елементи Gloss Black, панорамски стаклен таван, дополнително тонирани стакла и црн тапацир на таванот.
JAGUAR I-PACE BLACK
Погонскиот систем на I-PACE BLACK останува непроменет, и ветува моќност од 400 коњски сили и вртежен момент од 696 Нм, кои гарантираат можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди. Слободната километража во реални сообраќајни услови на електромобилот е до 470 километри.