Ја тужи државата зошто му го уништиле Ферарито (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2017 година во англискиот грд Бирминген беше запленет скапоцен Ferrari автомобил во сопственост на Захид Кан. Полицијата го заплени истиот откако беше непрописно паркиран, а веднаш потоа утврдено и дека нема соодветно осигурување.

Поради тоа, но и поради фалсификување на регистарски таблички, на сопственикот, сега 35 годишен жител на Дубаи, му беше изречено затворска казна од 5 години, а автомобилот беше уништен.

Сега, за уништувањето на Ferrari 458 Spider вредно над 200 илјади фунти, Кан бара оштета. Тој веќе најмил адвокати и поднел барање до надлежниот суд, но се чини дека тоа барање може многу скапо да го чини. Имено, тој со самата пријава го открил и местото на живеење, па сега британските власти бараат и негова екстрадиција.

Видеото од моментот на уништување на неговиот автомобил може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK