Изненадување или не – Dacia Duster e најпродаваниот SUV во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

JATO Dynamics ги претстави деталните извештаи околу продажбата на нови автомобили во август ширум Европа, а она што е позитивно изненадување е фактот дека најпродаван SUV во Европа е Dacia Duster.

Duster на генералната листа на најпродавани автомобили со продадени 19.451 примероци се најде на втората позиција зад Volkswagen Golf, но тоа е доволно да е најпродаван SUV во Европа.

Според продадените автомобили, на третата позиција се наоѓа Volkswagen T-Roc со продадени 18.282 возила додека најдобрата петорка ја сочинуваат уште Dacia Sandero (17.764 примероци) и Volkswagen Polo (16.692 примероци).

Во конкуренција на брендови, според JATO Dynamics најпродаван бренд со продадени 128.882 возила е Volkswagen.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK