Традиционално како и години наназад, на почетокот на саемот за автомобили во Детроит избран е и автомобилот на годината во Северна Америка.
Титулата доделена од 54 члено жири му припадна на Genesis G70, автомобил кој а оваа позиција се најде пред Honda Insight и Volvo V60. Со ова Genesis е вториот корејски производител по Hyundai Elantra кој ја добива оваа престижна титула.
Во конкуренција на најдобар SUV возило, титулата ја доби Hyundai Kona модел кој во финалето заврши убедливо на првата позиција пред Acura RDX и Jaguar I-Pace. Со ова Hyundai Kona се запишува во историјата на овој настан како прв SUV кој ја добива оваа награда откако годинава премиерно беше воведена.
Во категоријата на најдобар камионет, титулата замина кај претставникот на FCA Групацијата, Ram 1500 кој заврши на првата позиција Chevrolet Silverado и GMC Sierra.